ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

РЕГИСТРАЦИЈА НА АВТОРСКИ ДЕЛА: ДА ИЛИ НЕ?

Patentcentar-COPYRIGHTS ISSUE

Често поставувано прашање е дали авторските дела подлежат на обврска за регистрација или не? Во најголемиот број на земји, особено во Европа, а така е и кај нас, авторските дела се заштитени со самото нивно создавање. Исклучок се земји како, на пример, Соединетите Американски Држави каде регистрацијата ја врши Конгресната библиотека уште од крајот на XIX век. Тоа подразбира дека во Македонија регистрацијата на авторските дела не е задолжителна, но законот сепак дозволува, доколку авторите имаат потреба, регистрацијата, односно авторизацијата да ја вршат агенции како што е нашата. Во основа, регистрацијате не секогаш е потребна, ниту пак неопходна, туку е практична алатка, особено во периодот пред првото објавување на авторските дела.

КОИ АВТОРСКИ ТВОРБИ НЕ УЖИВААТ ЗАШТИТА?

Patentcentar-COPYRIGHTS ISSUE

Согласно нашиот закон за авторските права и сродните права, авторски дела кои не уживаат заштита се следните: 1) идеите, теориите, концептите, методологиите на работа или математичките концепти, независно од начинот на објаснувањата или изразувањата;  2) службените текстови од политичка, законодавна, административна и судска природа и нивните службени преводи;   3) дневните и други вести кои имаат карактер на обични - медиумски информации, едноставни факти и податоци и

4) идеите и концепциите што претставуваат основа за кој било елемент на компјутерска програма, вклучувајќи ги деловите од програмата што овозможуваат поврзување и интеракција меѓу елементите на програмската и машинската опрема (интерфејси).

MЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА НА ПАТЕНТИ?

Patentcentar-INDUSTRIAL PROPERTY ISSUE

Меѓународната заштита на патенти е овозможена врз основа на Патентниот договор за соработка (PCT-Patent Cooperation Treaty). Овој договор овозможува физичките и правните лица од нашата земја симултано со само една апликација да  поднесaт барање за регистрација во повеќе земји. При тоа, стекнувањето со патент останува под контрола на националните, односно регионалните патентни заводи и бироа, процедура позната и како "национална фаза" во меѓународната регистрација на патенти. Во моментов потписнички на овој договор се 152 земји чиј список можете да го превземете секцијата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ И ЗАКОНИ од ИНФО-ПОРТАЛ-от на нашата веб страница. За повеќе информации обратете се во нашата агенција.

МЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА НА ТРГОВСКИ МАРКИ?

Patentcentar-INDUSTRIAL PROPERTY ISSUE

Согласно Мадридскиот меѓународен систем за регистрација на трговски марки, постои можност  само со една апликација/пријава  да се регистрира трговска марка во 119 земји (плус Канада од 17.06.2019 г.) во светот, потписнички на Мадридскиот договор. Бидејќи и Република Македонија е членка на овој договор, сите физички и правни лица во нашата земја можат да аплицираат за меѓународна регистрација на трговска марка. Списокот на земји за кои може да се аплицира при регистрација на трговска марка можете да го најдете во секцијата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ И ЗАКОНИ од ИНФО-ПОРТАЛ-от на нашата веб страница. За повеќе информации јавете се во нашата агенција.

КОИ АВТОРСКИ ДЕЛА МОЖЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ/АВТОРИЗИРААТ?

Patentcentar/COPYRIGHTS SUBJECT

Авторски дела кои уживаат заштита и може да бидат регистрирани се: пишано дело (книга, напис, статија, прирачник, брошура, расправа и други дела од иста природа); компјутерска програма, како пишано дело; говорно дело (предавање, говор, беседа и други дела од иста природа); музичко дело, со или без текст; драмско, драмско-музичко, кореографско и пантомимичарско дело; фотографско дело и дело создадено во постапка слична на фотографската; аудиовизуелно дело (кинематографско и друго дело изразено со подвижни слики); дела на ликовната уметност (слика, цртеж, графика, скулптура и друго); дела од архитектурата;  дела од применетата уметност и дизајнот и картографско дело, план, скица, технички цртеж, проект, табела, пластично дело и друго дело со ист или сличен карактер од областа на географијата, топографијата, архитектурата и науката.

Како авторско дело се смета и преработка на авторско дело, доколку ги исполнува условите со законот за авторските права и сродните права.

МЕЃУНАРОДНА РЕГИСТРАЦИЈА НА ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈНИ?

image124

Хашкиот меѓународен систем на дизајни, слично како и кај патентите и трговските марки, овозможува регистрација до 100 индустриски дизајни само со една апликација во 70 земји. Ова практично решение им овозможува на правните и физички лица во нашата држава да можат да аплицираат за меѓународна регистрација и заштита на своите индустриски дизајни само со една апликација. И оваа регистрациона постапка се одвива симулатно. Сепак,  секоја земја, согласно домицилните закони и бази, го задржува правото  на одлука за валидноста на поднесената апликација. Списокот на земји за кои може да се аплицира при регистрација на индустриски дизајн можете да го превземете во секцијата ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ И ЗАКОНИ од ИНФО-ПОРТАЛ-от на нашата веб страница. За повеќе информации нашата агенција ви стои на располагање.

МЕЃУНАРОДНИ И ДОМАШНИ БАЗИ ЗА ПРЕБАРУВАЊЕ

Patentcentar-Global IP Databases

Корисниците на нашите услуги често се интересираат како и каде можат самите да извршат пребарување на податоците од  правата на индустриска сопственост и, на тој начин, да ги споредат нивните идеи со оние кои веќе се пријавени или регистрирани, дома и во светот...  Подолу имате линк до секцијата за  директен пристап до  домашните и меѓународните бази на податоци за пријавени и регистрирани патенти, трговски марки, индустриски дизајн и географски ознаки, односно ознаки на потекло.

IP - БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

НАПОМЕНА

Мислењата и ставовите на оваа страница имаат само информативен карактер!!!

Само надлежните органи и судовите во земјата имаат авторитет по однос на прашањата предмет на оваа страница.