ПАТЕНТЦЕНТАР АД СКОПЈЕ

АВТОРСКИ ПРАВА И ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ

image15

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРИСТАП ДО ИНФО-ПОРТАЛОТ НА ПАТЕНТЦЕНТАР АД СКОПЈЕ

 ПРЕФРЛЕТЕ СЕ НА МАКЕДОНСКАТА ВЕБ СТРАНИЦА   www.patentcentar.mk  НА ОВАА СТРАНИЦА ГИ ИМАТЕ И СИТЕ ИНФОРМАЦИИ И СО ДАНОЧНИТЕ ПРИЈАВИ ЗА 2018 И СОВЕТИ ЗА ЕВЕНТУАЛНИТЕ ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ И ПРОБЛЕМИ

КОНТАКТ ИНФО & Google map

30 ГОДИНИ

Поддршка во заштитата на вашите права - 30 години стрпливост, упорност, посветеност и, се разбира, со уживање...

Над 4.500

Домашни и странски 

компании, културни, научни и образовни организации и институции, НВОа, 

радио-дифузни друштва...

Повеќе од 35.000

Иноватори, уметници, научници,  IT инженери, писатели, филозофи, изведувачи, композитори, актери, новинари, продуценти...

30 ГОДИНИ ПОДДРШКА ВО ЗАШТИТАТА НА ВАШИТЕ ПРАВА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНАТА СОПСТВЕНОСТ...

Да се опстане триесет години во една работа, повеќе или помалку успешно, неопходен е извесен филозофски концепт... став, идеја. Нашиот, во основа, не се разликува од оној неопходниот во потрагата по подобар живот:  стрпливост, упорност, посветеност... и се разбира,  никогаш не забораваме да уживаме во она што го работиме...


ПОЧИТ И БЛАГОДАРНОСТ

ЗА СИТЕ КОИ ВО ОВИЕ ТРИЕСТ ГОДИНИ ИМАА ДОВЕРБА 

ВО ОНА ШТО ГО РАБОТИМЕ

УСЛУГИ

ПРАВА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ:

АВТОРСКО ПРАВО: регистрација/авторизација на дела од областа на науката, техниката и уметноста, компјутерски програми и бази на податоци, технички цртежи, мапи и други творби предвидени со законот за авторското право и сродните права;*


ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ: домашна и меѓународна регистрација на патенти, трговски марки, индустриски дизајн (корисни модели) и географски ознаки, односно ознаки на потекло, вклучувајќи го нивното администрирање, одржување и обнова предвидени со законот за индустриската сопственост;


IP ФИНАНСИИ: прибирање и исплата на надоместоци остварени од пренос на авторско и сродни права, односно правата од индустриската сопственост, во земјата и странство, како и надоместоци произлезени од активности кои го поддржуваат оствaрувањето и реализацијата на тие дела и права, вклучувајќи консалтинг, администрација и евиденција на обврски по основ на данок од личен доход (персонален данок), како и данокот на додадена вредност (ДДВ);


IP АСИСТЕНЦИЈА: Широко подрачје на правна помош во областа на интелектуалната сопственост со застапување, односно ко-застапување пред државните и судски органи во земјата и странство, како и пред Државниот Завод за Индустриска Сопственост, како лиценцирани застапници;​**


IP КОНСАЛТИНГ: советување и застапување во административни или комерцијални постапки во договорите за пренос на авторското и сродните права, односно правата од индустриската сопственост (преговори, драфтинг и запишување на договорите во соодветен регистар), како и при промена или отстапување на сопственоста на правата од интелектуалната сопственост.***


За дополнителни информации префрлете се на вебстраната за Македонија: www.patentcentar.mk или пак пратете меил на info@patentcentar.com

Забелешки:

 * Регистрацијата/авторизацијата на авторските творби не е мандаторна (задолжителна) туку е законски овозможена заради поуспешна заштита на авторските дела.


** За вршење на услуги и асистенција од оваа област предвидена е гаранција за стручност, односно посебна државна лиценца и редовна регистрација. Кликнете тука и проверете ја нашата.


*** Секоја промена и пренос на правата од индустриската сопственост треба да бидат впишани во соодветен регистар што го води Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС).




______________________________

ПРЕБАРАЈАТE ГИ ДОМАШНИТЕ И МЕЃУНАРОДНИТЕ БАЗИ НА ПОДАТОЦИ ЗА ПАТЕНТИ, ТРГОВСКИ МАРКИ, ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈН И ГЕОГРАФСКИ ОЗНАКИ НА МАКЕДОНСКАТА ВЕБ СТРАНА:

www.patentcentar.mk

IP БАЗИ НА ПОДАТОЦИ

КОНТАКТ ИНФО

ПАТЕНТЦЕНТАР АД СКОПЈЕ

Адреса: Бул. Кузман Ј. Питу 28-2 лок.8, Скопје

Patentcentar AD Skopje, Macedonia

Тел: 02/2469 499 02/2469 476 Факс: 02/2469 886 Е-пошта: info@patentcentar.com Веб страна за Македонија: www.patentcentar.mk

Работно време: