ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ

image206

12.03.2019 - ОБНОВЕНО: ОБВРЗНИЦИ ЗА ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ (ДДВ) - ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Доколку вашите годишни приходи надминале 1.000.000 денари, а при тоа вашата структура на годишни приходи од Управата за Јавни Приходи е проценета како приходи од стопанска дејност и, со тоа, сте станале ДДВ обврзник - или пак самостојно сте одлучиле да се пријавите и регистрирате како ДДВ обврзник - нашата агенција и понатаму во потполност може да ви помогне и сервисира вашите административни обврски по основ на примањата од авторски права, без дополнителни трошоци. Имено, за сите автори кои ги застапува оваа агенција, (кои исклучиво стекнуваат приходи од авторски или права од индустриска сопственост) а кои се ДДВ обврзници, агенцијата ПАТЕНТЦЕНТАР АД СКОПЈЕ ќе им помага во процесот на издавањето на фактури, пресметката на ДДВ, пополнувањето и поднесувањето на извештаите, евиденцијата и другите административни обврски - без дополнителен надомест - освен оној кој и до сега сте го плаќале како агенциска провизија при исплатата на авторските надоместоци. Авторите - корисници на нашите услуги - не треба да ги загрижува станувањето обврзник за ДДВ, туку нивната единствена и вистинска грижа треба и понатаму да е нивното творештво. Како и до сега, тука сме да помогнеме… За повеќе и подетални информации јавете со во нашата агенција.

01.01.2019 - ОБНОВЕНО/ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА

Од 01.01.2018 па наваму, сите корисници кои остваруваат приходи по основ на авторски и сродни права, како и правата од индустриската сопственост задолжително треба да бидат регистрирани во системот на Е-ПДД на Управа за јавни приходи. Регистрацијата можете да ја направите преку линкот: https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam - или за помош посетете ја нашата агенција. Со тоа престануваат вашите обврски да поднесувате годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи која автоматски/електронски ќе ги генерира вашите годишни приходи доставувајќи ви ја пријавата на увид и потврда преку вашата меил адреса.

01.01.2019 - НОВ ЗАКОН ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД

  Од 01.01.2019 година стапи на сила новиот закон за данок на личен доход со кој се воведува прогресивна даночна стапка од лични примања. Основната стапка на данокот од личен доход од 10% за примања од авторски права останува на сила за примања до 1.080.000 денари на годишно ниво, а над овој износ само на разликата се плаќа 18%. За приходите остварени по основ на пренос на правата од индустриската сопственост (патенти, трговски марки, корисни модели и сл.) стапката на данокот изнесува 15% која е единствена и конечна стапка за овој вид на приходи. Законот можете да го превземете од веб страницата на Управата за јавни приходи на линкот: http://ujp.gov.mk/e/regulativa/opis/337

НАПОМЕНА

Мислењата и ставовите на оваа страница имаат само информативен карактер!!!

Само надлежните органи и судовите во земјата имаат авторитет по однос на прашањата  и ставовите изнесени на оваа страница.